Ситуации/ Situations

EN↓  од 9ти до 11ти октомври во Кино Култура- Ситуации

>> Од 9 до 11 октомври 2016 година во Кино Култура ќе истражуваме начини- да се биде– заедно, да се формира заедница.

Ќе ги користиме танцот, движењето, имагинацијата, и ќе споделуваме спомени, приказни, емоции за да разбереме нешто повеќе за нашето општество, заедницата и самите нас.

Ги каниме сите заинтересирани од различни возрасти и искуства, да погледнеме назад, да ја доживееме сегашноста и да размислуваме за иднината заедно, со користење на алатки и идеи од современиот танц и кореографија.

Нашето дружење ќе заокружиме со забава на 11-ти октомври во 20:00.

Ајде да поминеме време заедно!

Гизела, Драгана, Биљана, Сабрина и Климент.

 

Распоред:

Недела 9-ти октомври: 11. – 14. часот

Понеделник 10-ти октомври: 17. – 20. часот

Вторник 11-ти октомври: 17. – 20. часот, од 20. часот забава

 

За повеке информации контактирајте не на: contact@lokomotiva.org.mk

 

Настанот е дел од Nomad Dance Institute/Performance Situation Room програмата на Номад Танц Академија која е дел од европскиот проект Life Long Burning www.lifelongburning.eu и програмата на Кооператива- регионална платформа за култура, а програмски раководен и концептуализиран од Номад Танц Академија претставувана преку Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата.

Situations/Ситуации е дел од програмата на Кино Култура- Заедно – наменета за развој на заедницата и дел од Култрениг програмата за современ танц и движење.

Поддржан е од програмата за Култура на ЕУ, Кооператива – регионална платформа за култура и EEPAP – Eastern European Performing Arts Platform/ #EEPAP, #Lublin/и Гете-институт Скопје.

***

Драгана Алфиревиќ работи во полето на кореографијата/ танцот како уметник, куратор, организатор и професор. Таа е ко-основач на интернационалната платформа за современ танц, НОМАД ТАНЦ АКАДЕМИЈА и ко-основач на СТАНИЦА Сервис за Современ Танц Белград. Таа е исто ко- основач на CoFestival во Љубљана. Таа сега живее во Љубљана, како сопруга на Дејан и мајка на Димотра и Доротеа. За нејзината работа повеќе можеш да најдеш на:

obed.federacija.net /   www.cofestival.si / www.nomaddanceacademy.org

Гизела Мулер ,завршува студии за танц во Париз, Амстердам (SNDO) и Њу Јорк. Таа беше член на неколку танцови компании пред да ја основа The Move Company, во 1992, каде создава бројни кореографии. Има добиено неколку стипендии за уметничка работа како во Германија, така и надвор. Од 1988 континуирано предава во неколку студија и институции. Од 2004 таа е член на одборот на Tanzfabrik Berlin и е одговорна за уметничката и едукативната програма на Berlin’s Tanzfabrik School и директор на Dance Intensive programme. Од 2006 до 2010, Гизела Мулер беше вонреден професор на Inter-University Dance Department / HZT in Berlin (Hochschulübergreifendes Zentrum Tanz), каде ја основа  и ко-води BA програмата за Современ Танц, Контекст, Кореографија. Понатаму, таа е член на одлучувачкиот одбор на источно- Европската мрежа за изведувачки уметности Номад Танц Академија од 2012г.

Биљана Тануровска Ќулавковски е културен работник, дел од независната уметничка сцена во Македонија. Таа е ко- основач на Локомотива (www.lokomotiva.org.mk) и НОМАД Танц Академија (НТА). Со Локомотива, таа е ко-оснoвач на Кино Култура – простор за современи изведувачки уметности и современа култура во Скопје (www.kinоkultura.org.mk) и Јадро- Асоцијација за независна културна сцена. Таа има иницирано, курирано и менаџирано бројни проекти и програми во полето на современите изведувачки уметности, културна политика, интернационални соработки, итн. Таа беше ко-куратор на Локомоушн – Фестивал за современа уметност и перформанс во Скопје. Има завршено мастер студии за Менаџмент во култура и културна политика на Универзитетот за Уметности во Белград. Дел е од различни програми зa обука, истражувачки и резиденцијални програми. Таа предава и држи работилници во полето на културниот менаџмент и културна политика.

Климент Попоски е роден во Македонија, но во 1990година, заедно со својата фамилија се преселува во Австралија. По завршувањето  на The National Theatre Drama School,  тој пронаоѓа сосема нов свет. Климент има работено на неколку сценски продукции и изведува во независни театарски продукции во Австралија.  Во 2008 година, Климент се враќа во Македонија реализирајќи турнеја со неговата монодрама ‘Aџија’ . Монодрамата се фокусира на неговото крос-културно искуство и се занимава со прашањата на имиграцијата. Додека е во странство,”Локомотива”- Центар за нови иницијативи во уметноста и културата во Македонија. Учествувал во едукативната програма на НОМАД Танц Академија 2010. Климент се враќа во Македонија каде што продолжува да работи во полето на уметноста како слободен уметник и активен член на Локомотива и Номад Танц Академија Македонија. За повеќе информации ве молиме посетете ја веб страната: http://kliment7.wix.com/klimentpoposki

Сабрина Железник, родена во Цеље, 1988 година. Со 6. години станав член на ‘Plesni Forum Celje’, се до 2012. година. Покрај многуте достигнувања на национално и меѓународно ниво во полето на современиот танц,  бев и активна во полето на театарот. По завршувањето на Културолошките студии на Универзитетот Љубљана, се приклучив на компанијата Исомнија, која работи под раководство на кореографката Gisela Fantacuzzi. Во последните неколку години работам како перформер, водам работилници за современ танц и креирам сопствени кореографии. Неодамна завршив со магистерските студии ‘Master of Theatre practices’ во Арнхем, Холандија, како целосен стипендист на Министарството за култура Словенија.  Моментално базата на седиште и креирање ми е во Скопје, каде сум членка на организацијата Локомотива.


EN» from 9th till 11th october 2016 in Kino Kultura- Situations

 

>> From 9th to 11 October 2016 in Kino Kultura we will research the ways of being together.

We will use dance, movement, imagination, share our memories, stories, emotions and understand something more about our society and ourselves.

We would like to invite people of different backgrounds and experiences, to look back, to experience the current moment and to vision the future together, using the tools and ideas from contemporary dance and choreography.

At the end we will prepare the party together for 11th October at 20:00

Let’s spend time together!

Gisela, Biljana, Dragana, Sabrina and Kliment

 

Time schedule:

Sunday  9th  October 11.00-14.00

Monday 10th October 17.00-20.00

Tuesday 11th October 17.00-20.00, from 20.00 on Party

 

For more information please contact us: contact@lokomotiva.org.mk

 

The event is part of the Nomad Dance Institute/ Performance Situation Room programme of Nomad Dance Academy. It is realised as part of the European project Life Long Burning www.lifelongburning.eu and programme of KOOPERATIVA- regional platform for culture and conceptualised and coordinated by the network Nomad Dance Academy represented by Lokomotiva- Centre for New Initiatives in Arts and Culture.

SITUATIONS is organized as part of program line of Kino Kultura-  Together , program for community development and Kultraining program for contemporary dance and movement.

Supported by the Culture Programme of the EU, Kooperativa – a regional platform for culture and EEPAP – Eastern European Performing Arts Platform / #EEPAP, # Lublin /Gоethe- Institut Skopje

***

Dragana Alfirevic is working in the field of choreography/ dance as artist, curator, organizer and teacher. She is co-founder of the international platform for contemporary dance, NOMAD DANCE ACADEMY and the co-founder of STATION Service for Contemporary Dance Belgrade. She is also the co-founder of the CoFestival in Ljubljana. She is living in Ljubljana now, where she is the wife of Dejan and the mother of Dimitra and Doroteja. You can find out about her work at obed.federacija.net /   www.cofestival.si / www.nomaddanceacademy.org

Gisela Müller studied dance in Paris, Amsterdam (SNDO) and New York. She was a member of several dance companies before founding, in 1992, The Move Company for which she choreographed numerous pieces. She was granted scholarships for artistic work both in Germany and abroad. Since 1988 she is teaching regularly in various institutions and studios. Since 2004 she is member of the board of Tanzfabrik Berlin and responsible for the artistic and educational programme of Berlin’s Tanzfabrik School and the director of the Dance Intensive programme. From 2006 until 2010, Gisela Müller was visiting professor at the Inter-University Dance Department / HZT in Berlin (Hochschulübergreifendes Zentrum Tanz) where she invented and co-directed the BA course in Contemporary Dance, Context, Choreography. Beside she is a member of the decision making board of the east European network for performing art Nomad Dance Academy since 2012.

Biljana Tanurovska Kjulavkovski is a cultural worker, part of the independent art scene in Macedonia. She is co-founder of Lokomotiva (www.lokomotiva.org.mk) and NOMAD Dance Academy (NDA). With Lokomotiva she co-founded Kino Kultura – space for performing arts and contemporary culture in Skopje (www.kinakultura.org.mk) and Jadro – Association of independent cultural scene. She has initiated, curated and managed various projects and programmes related to the contemporary performing arts, cultural policy, international collaboration, etc. She was a co-curator of the Locomotion – Festival for contemporary art and performance in Skopje. She holds MS in Management in culture and cultural policy from University of Arts in Belgrade. She was awarded fellow on different training, research and residency programs. She teaches and gives lectures in the field of cultural management and cultural policy.

Kliment Poposki, Macedonian-born and raised Kliment migrated to Australia with his family in 1990. After training at The National Theatre Drama School he found a new world opened to him. Kliment has worked in stage productions and performer in independent theatre productions in Australia.
In 2008, Kliment returned to Macedonia to tour his one-man show The Pilgrim. The piece reflected his cross-cultural experience and dealt with issues of migration. Whilst abroad he has worked in Lokomotiva- Center for New initiatives in Art and Culture, in Macedonia. He is a graduate of Nomad Dance Academy 2010. Kliment has returned to Macedonia where he continues to work in the arts as a freelance artist and is an active member of Lokomotiva and Nomad Dance Academy Macedonia .For further info visit: http://kliment7.wixsite.com/klimentpoposki

Sabrina Zeleznik, born in Celje, Slovenija in 1988. Started dancing at the age of 6 in Plesni forum Celje and was its member until 2012. Besides many achievements in the field of contemporary dance, such as awards in the national events and international festivals I was also busy with the theatre. Acting, directing and creating movement in several experimental and traditional performances shaped me as a performer and as an individual. After finishing bachelor degree in Cultural studies at University Ljubljana, Slovenia, I started actively dealing with dance and performance also academically. In 2013 I joined Compania Insomnia runed by choreographer Gisela Fantacuzzi, with whom I collaborate in several projects (see Projects). In the past 4 years I have been performing, giving classes and developing my own work. I recently graduated at Master of Theatre Practices at ArtEZ Institutes of Arts in Arnhem, Netherlands, where I have discovered my tendency for post dramatic creations.
I mostly based in Skopje, Macedonia, where I am a member of organization Lokomotiva and an active contributor to local cultural scene.