Град за сите: Што да се прави со Скопје 2014?

EN↓13.10.2016 /19.00h Плоштад Слобода- Град за сите: Што да се прави со Скопје 2014?

При првата соработка со Heinrich-Böll-Stiftung го изработивме краткиот филм „Како Скопје 2014 ги изеде урбаните заеднички добра“ и во оваа прилика конечно ќе го промовираме. Филмот има намена кратко и кондензирано да ја раскаже приказната за влијанието на Скопје 2014 врз реалното Скопје, но, за жал, бидејќи е пишуван пред 9 месеци, сумите што ќе ги чуеме во него, денес се многу поголеми.

Во вториот дел од оваа вечер во Кино Култура, организираме панел дискусија со двајца врвни претставници на професијата која овие 10 години е злоставувана токму од овој проект, а тоа се: Ана Ивановска и Мирослав Грчев. Во панел дискусијата, како гости со свој став, ќе ги видите/чуете и Мери Јордановска, Петрит Сарачини, Валентина Поцеска и Славчо Димитров. Модератори се Ивана Драгшиќ и Никола Наумоски.

Дискусијата ќе биде посветена на справувањето со Скопје 2014 после некое потенцијално нормализирање на правниот поредок во земјава. Што мислат архитектите дека треба да се направи, какви им е ставовите за рушење, што доколку сето тоа остане вака како што е? А што мислите вие? Дојдете да го искажете своето мислење на структуриран и аргументиран начин.


EN» Freedom square: City for everyone- What should we do with Skopje 2014?

In the first collaboration with Heinrich-Böll-Stiftung we made the short film : How Skopje ate the common goods? and on this occasion we will finally present it. The intention of the film is to shortly tell the story about the influence of the Skopje 2014 on real Skopje, but unfortunately, because it was written 9 months ago, the sums that we will hear, today are much bigger.

In the second part of the evening in Kino Kultura, we will organized panel discussion with two of the greatest representatives of the profession, that is abused from this specific project for already 10 years and those are: Ana Ivanovska, Miroslav Grcev and Meri Jordanovska, Petrit Sarachini, Valentina Poceska and Slavco Dimitrov. The moderators of the discussion are: Ivana Dragsic and Nikola Naumoski.

Discussion will be dedicated to the dealing with Skopje 2014 after the potentially normalized legal system in the country. What are the architects thoughts about it, what are theirs statements about demolition, what if everything stays the same as it is? What do you think? Come to express your opinion in a structured and reasoned way.