>>>>> (Macedonian below)
About the space
KINO KULTURA as a project space for contemporary performing arts and culture in 2015 was founded by Lokomotiva- Centre for New Initiatives in Arts and Culture and Theatre Navigator Cvetko.
Space was founded to support independent contemporary dance and theatre and it is first of that kind in Skopje.
History
The building is a significant architectural and cultural heritage of the city and its people. It was built by the Kostikj brothers in 1937, as one of the first private city cinemas in Skopje. Since its establishment, for more than 50 years in continuity, “Kino Kultura” has been functioning as a cinema space with a rich film program organized as a private business of the Kostikj family, or as a public activity at the time of Yugoslavia, organized by the “City Cinemas” – Skopje film company. Even though working as cinema, in Kino Kultura in December 1944, the first theater performance in Macedonian language was presented.
With the arrival of the 90s and the period of the transition, “Kino Kultura” failed to transform to the conditions and needs dictated by the transition that brought reforms in the market, the institutions and their role. Moreover, the new technologies and the availability of film art through video shops inflicted an additional blow to cinema screening. With the Law on Denationalization [1] of 1998, the building of “Kino Kultura”, which was taken from the owners during the time of Yugoslavia, was returned to the private ownership of the inheritors of the Kostikj brothers, who were not in a position to maintain the space and its public function. Consequently, from the end of the 90s to the end of 2015, the space “Kino Kultura” was closed, inactive, and in poor condition.
After 2015
In 2015, this partnership team, Lokomotiva- Centre for New Initiatives in Arts and Culture and Theatre Navigator Cvetko, managed to (re)activate part of “Kino Kultura” as a project space for contemporary performing arts and contemporary culture, through a rental agreement with the owners and with the support received from the Center Municipality. As of December 2015, “Kino Kultura” regained its public function. Driven by the need for a space in which a contemporary expression and an independently organized program would be developed, today “Kino Kultura” is a place for creation, presentation, as well as reflection on key social topics through art and culture. A space which is highly needed in the context of non-existent, independent cultural spaces that carry out a public function
Kino Kultura as project space for contemporary performing arts and culture uses part of the building: the main cinema hall (the performing space/stage with around 160 seats), the entrance hall and the office on the first floor.
Space is situated in the centre of Skopje, and at this moment is the only space for dance, besides the National Ballet.
[1] Published in the “Official Gazette of RM” no. 20/98
Context and idea of the KINO KULTURA
The project KINO KULTURA idea is to establish a new contemporary organizational structure, an urban space for contemporary performing arts and contemporary culture that will enhance the socio-cultural development of the community.
This space is intended for the professionals in the field of contemporary (performing) art and contemporary culture, for immediate citizens of the municipality and the city, as well as for various civic organizations, formal and informal groups and individuals working in the socio-cultural sphere.
For the past years Theatre Navigator Cvetko and Lokomotiva were mapping different spaces in the city of Skopje which can be reformed in space for contemporary performing arts and culture, since such a space was a need for the community and was not existing.
Need for a space where urban, contemporary expression will be developed, space where can be created, but also important social themes will be reflected through arts and culture, moreover where new and contemporary artistic voice will be visible, was a priority for the professional community, as well as for the audience.
With this project we want to contest the anachronism in the governing and to rethink how we can co-govern the public institutions, spaces, programmes, trying to employ new tactics and strategies which will revise the possibilities to connect the artistic expression with societal issues and enhance the debates on them.
Participation and usership as principles will be contested through their use and critical reflection on their meaning as approaches. We would like to de-jargonize these words and principles of work and give back their meaning (if possible).
We would like to develop models of inclusion of the citizens and civil society organizations – through assemblies or forums for discussing and articulating the space development and co- programming.
We insist on “co” in shaping of the space governing model through – co-laboration, co-programing, co- imagining and co-existing as ones aiming to be “co-responsively participative”.
For us this is not just a “fancy” concept, but principle how we have worked in the past with many partners in the Region. Therefore this is a conceptually thought but also already conducted approach that we think can enable utilization of it into reformation of new, different space KINO KULTURA.
Through this space we want to create the new citizens’ “world of culture” that presuppose its articulation through openness, transparency, participation and accountability.
We are believing that this project will contribute to the development of urban culture and contemporary “world of culture” in the community and the city, the development of contemporary artistic expression in the field, and will become a space for inclusion of professional, as well as larger social community(ies).
Besides this, we have a goal to establish “recycled economy” approach that would enable reinvestment of all income in diverse activities, development of the programme and its sustaining.
За просторот
Кино Култура како проект, простор за современи изведувачки уметности и култура беше основан во декември 2015 година од страна на Театар на Навигаторот Цветко и Локомотива- Центар за Нови Иницијативи во уметноста и културата.
Овој простор е прв од овој вид и е основан со цел поддршка на независната сцена на современ танц и театар.
Историја
Зградата е значајно архитектонско и културно наследство на градот и неговите жители. Изградена е од браќата Костиќ во 1937 година, како едно од првите приватни градски кина во Скопје. Од основањето, повеќе од 50 години во континуитет, „Кино Култура“ работи како кино простор со богата филмска програма организирана како приватна дејност на фамилијата Костиќ, или како општествена дејност за време на Југославија, организирана од претпријатието за прикажување на филмови „Градски кина“ – Скопје. И покрај тоа што функционира како кино , во Кино Култура во Декември 1944, беше претставена првата театарска претстава на македонски јазик.
Со доаѓањето на 90-те години на минатиот век и периодот на транзицијата, „Кино Култура“ не успева да се трансформира според условите и потребите кои ги диктира транзицијата проследена со реформирање на пазарот, институциите и нивната улога. Освен тоа, новите технологии и достапноста на филмската уметност преку видеотеките нанесоа дополнителен удар на киноприкажувањето. Со Законот за денационализација[1]од 1998 година, зградата на „Кино Култура“, која беше одземена од сопствениците за време на Југославија, се врати во приватна сопственост на наследниците на браќата Костиќ, кои не се во состојба да го одржуваат просторот и неговата јавна функција. Следствено на тоа, од крајот на 90-те години на минатиот век до крајот на 2015 година, просторот „Кино Култура“ е затворен, неактивен и во лоша состојба.
После 2015
Во 2015 година, овој партнерски тим успеа да (ре)активира дел од „Кино Култура“ како проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура, преку договор за закуп со неговите сопственици и со помош на поддршка добиена од општина Центар. Од декември 2015 година, „Кино Култура“ повторно ја добива својата јавна функција. Иницирано од потребата за простор во кој ќе се развива современ и програмски независен израз, денес „Кино Култура“ е место за креација, презентација, но и рефлексија за клучни општествени теми преку уметноста и културата. Простор кој е повеќе од потребен во контекст на непостоечки, независни, а со јавна функција културни простори.
Кино Култура како проектен простор за современи изведувачки уметности и култура користи дел од зградата: големата сала (простор за изведувачки уметности/ сцена со капацитет од околу 160 седишта), влзениот хол и канцеларијата на првиот кат.
Просторот е сместен во центарот на градот Скопје и во овој момент е единствениот простор за танц, покрај Националната Опера и Балет.
[1] Објавен во “Сл. весник на РМ” бр.20/98
Контекст и идеја на Кино Култура
Идејата на КИНО КУЛТУРА е формирање на нова современа организациска структура, урбан простор за современи изведувачки уметности и современа култура кој ќе допринесе во социо-културениот развој на заедницата.
Овој простор е за професионалците во полето на современите (изведувачки) уметности, непосредните граѓани на општината и градот, како и за различните граѓански организации, формални и неформални групи и индивидуалци кои работат во пошироката социо-културната сфера.
Веќе неколку години наназад претставниците на Театар на Навигаторот Цветко и Локомотива мапираа различни простори во Скопје, кои можат да се реформираат во простор за современи изведувачки уметности и култура, бидејќи оваков простор претставуваше една од главните потреби на заедницата, а и не постоеше.
Потребата од простор каде што ќе се развива урбан, современ израз, простор каде ќе се твори, но и рефлектира преку уметноста и културата за клучни општествени теми, односно, каде новиот и современ уметнички глас ќе стане видлив, беше приоритет за професионалната заедница, но и за публиката.
Со овој проект сакаме да се спротиставиме на анахронизмот во управувањето и да промислиме како може да се ко- управува со институциите, просторите, програмите, преку вклучување на нови тактики и стратегии, кои ќе ги ревидираат можностите за поврзување на уметничкиот израз со општествените проблеми, како и подобрување на дебатите за нив.
Партиципацијата и користењето (usership) како принципи ќе ги преиспитаме преку нивна употреба но и критичка рефлексија на нивното значење како пристaпи. Сакаме да ги дежаргонизираме овие зборови и приниципи на работа и да им го вратиме нивното значење (ако е возможно).
Идејата е КИНО КУЛТУРА да биде простор каде ќе се развие модел за вклучување на граѓаните и граѓанските организации како ко-управувачи (или соуправувачи) со што ќе се обезбеди директно учество во дикусијата и артикулирањето на развојот на просторот и ко-програмирањето.
Ние, ко-основачите инситираме на “ко” во обликувањето на просторот- управувачки модел преку- ко-соработка, ко- програмирање, ко- замислување и ко-егзистирање, како оние кои сакаат бидат „ко- одговорно партиципативни“.
За нас ова не е теориски, или модерен концепт, туку принцип како ние веќе работиме во изминатите години со многу наши партнери од Регионот. Затоа, ова е концептуално промислено, но исто така спроведен пристап кој ние сметаме дека ќе увозможи негово утилизирање во реформирањето на нов, различен простор/проект КИНО КУЛТУРА.
Преку овој простор ние сакаме да се создаде нов ѓраѓански „свет на културата“, што својата артикулација ја поддразбира преку отвореност, транспарентност, учество и одговорност.
Ние веруваме дека овој проект долгорочно ќе придонесе кон развојот на урбаната култура и новиот „свет на културата“ во заедницата и градот, како и кон развојот на современиот уметнички израз во оваа област, со што ќе постане простор за вклучување како на стручни, но и на пошироката општествена заедница(и).
Исто така, имаме за цел да се воспостави „рециклирана економија“, што значи да се реинвестираат сите добивки преку различните активности во развојот на програмите и одржувањето на просторот.