Услови за користење/ Terms of use

>>> (English below)

Просторот на Кино Култура е достапен за користење од страна на граѓанското општество и други заинтересирани правни и физички ентитети.

Условите за користење на Кино Култура се регулираат со:

  1. ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА СО ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА СЛОБОДНА СЦЕНА ПРИ КИНО КУЛТУРА
  2. ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА СО ОСТАНАТИ КОРИСНИЦИ

Генерални услови за користење

  • Просторот на Кино Култура може да се користи секој ден од 09.00 до 00:45 часот
  • Секој корисник потребно е да ги прифати условите дефинирани со Протоколите за соработка (под точка 1 или 2, во зависност од тип на корисник)
  • Со опремата нa Кино Култура можe да работи персоналот на Кино Култура и/или техничари ангажирани од страна на персоналот на Кино Култура и/или корисникот на просторот. Во случај на дополнително изнајмување на опрема, корисникот е потребно да обезбеди и технички тим за управување со истата
  • Секој корисник е должен да пополни пријава за користење на просторот на Кино Култура, најмалку еден 1 месец пред почетокот на активноста, по претходна консултација на календарот на активности на Кино Култура даден во прилог
  • За настани на кои се очекува поголем број на публика (над 100 посетители), корисникот е должен да договори и организира обезбедување на просторот. Персоналот на Кино Култура може да помогне во давање на контакт од служби за обезбедување, со кои има веќе соработувано
  • Доколку настанот кој се реализира во Кино Култура подразбира продажба на билети, продажбата на истите може да биде организирана од Кино Култура или пак од самиот корисник (со користење на  фискален апарат според законските регулативи)
  • Кино Култура работи на обезбедување на угостителски услуги (шанк во фоајето на просторот). Дотогаш за поединечните настани корисникот може сам да обезбеди привремен шанк, со целосна опрема и фискален апарат, согласно законските регулативи. Исто така, Кино Култура може да понуди контакт за кетеринг, со кој има веќе соработувано.
  • По дефинирање на типот и условите на соработка се потпишува Договор за соработка, најдоцна три дена пред реализација на договорениот настан
  • Доколку има интерес за користење на просторот во континуитет со дефиниран неделен, месечен термин, корисникот може да нè контактира преку официјалната е-маил адреса kinokultura2015@gmail.com
  • Во случај на откажување на терминот кој е веќе потврден и/или договорен [освен во случај на виша сила, односно, освен во случај кога имаме објективни околности на кои не може да се влијае], или во случај на грубо кршење на договорените обврски, Кино Култура го задржува правото на ускратување на можноста за понатамошно користење на просторот
  • Во случај на настанување штета во просторот или опремата, од страна на корисникот, корисникот се обврзува да ја надомести штетата во случај кога штетата не е покриена од осигурување

Terms of use

The space in Kino Kultura it’s available for use for the civil society and other interested legal and physical entities.

Terms of use for Kino Kultura are regulating with (Please contact us on kinokultura2015@gmail.com for more details):

  1. PROTOCOL FOR COLLABORATION WITH THE CIVIL SOCIETY WITHIN THE PROGRAM OPEN SPACE IN THE KINO KULTURA
  2. PROTOCOL FOR COLLABORATION WITH OTHER USERS

General terms of use:

  • The space of Kino Kultura can be used every day from 09:00 to 00:45 h.
  • Each user needs to accept the terms defined by the Cooperation Protocol (under point 1 or 2, depending on the type of user).
  • With the equipment of the Kino Kultura, the staff of Kino Kultura and / or technicians engaged by the Kino Kultura staff and / or the user of the space can work. In case of additional rental of equipment, the user is also required to provide a technical management team for the same
  • Every user is obliged to fill in an application for the use of the space of Kino Kultura, at least one month before the start of the activity, after previous consultation of the calendar of activities of the Kino Kultura given in the attachment
  • For events that are expected to increase the number of audiences (over 100 visitors), the user is obliged to arrange and organize the provision of space. The Kino Kultura staff can help in providing contact from security services, with which it has already cooperated
  • If the event that is realized in Kino Kultura involves ticket sales, their sale can be organized by Kino Kultura or by the user himself (using a fiscal device according to the legal regulations)
  • Kino Kultura works on providing catering services (bar in the lobby of the space). Until then, for individual events, the user can provide a temporary bar, with full equipment and a fiscal device, according to the legal regulations. Also, Kino Kultura can offer a contact for catering with which it has already cooperated.
  • After defining the type and conditions of collaboration, a Contract for collaboration is signed, at longest  three days before the realization of the agreed event
  • If there is interest in using the space in continuity with a defined weekly, monthly term, the user can contact us via the official e-mail address kinokultura2015@gmail.com
  • In case of cancellation of the term that was already confirmed and / or agreed [except in the case of force majeure, unless there are objective circumstances that can not be affected], or in case of gross violation of the contractual obligations, Kino Kultura reserves the right to deny the possibility of further use of the space
  • In case of damage to the space or equipment by the user, the user is obliged to compensate the damage in case the damage is not covered by the insurance